Што ми недостасува? Нормално, средата со граѓаните, се случува често да некој граѓанин да рече дали се сеќавате на мене, јас бев кај вас итн. меѓутоа и да не се сетам на него, но кога ќе ми го спомне проблемот за кој што сме разговарале тогаш се сеќавам, проблемот го паметам меѓутоа лицето не го паметам бидејќи секој ден доаѓаат многу луѓе. Јас секојдневно имам средба со граѓани, на пример еве вечерва последниот граѓанин што треба да го примам е во 19:30 часот. И потоа надвор од општината имам средби со граѓани околу 20 часот, така да секојдневно до кај 21 или 22 часот имам средби со граѓани, додаде Јакимовски

Јакимовски додаде дека заедно со своите стручни служби работат на тоа да бидат поблиску до граѓаните за да се запознаат со проблемите на граѓаните и да изнајдат решенија за да се решат истите проблеми.

-Јас ги замолувам граѓаните значи тоа ќе биде наредната недела кога ќе имаме разговори во живо што повеќе конкретни нивни проблеми евентуално за работата на администрацијата, предметите и така натаму да бидат подготвени за да можеме на таков начин без да доаѓаат во Општината, без да тие трошат време ниту ние, за да можеме да се посветиме на организацијата на работата подобро е да комуницираме што се вели на таков начин, каде што ќе бидат и службите ќе си запишат што треба и да бидат услужени онака како што треба, појасни Јакимовски.