Новоизбраниот претседател на Црна Гора е еден од лидерите на вонпарламентарното Движење Европа сега; неговата победа на претседателските избори е продолжение на изборните успеси за таа новооснована партија, пренесува Aljazeera Balkans.

Јаков Милатовиќ е новоизбраниот претседател на Црна Гора, откако во неделата во вториот круг од претседателските избори го победи противкандидатот од Демократската партија на социјалистите (ДПС) и актуелен претседател на државата, Мило Ѓукановиќ, освојувајќи 60 отсто од гласовите.

Милатовиќ е еден од лидерите на вонпарламентарното Движење Европа сега (ПЕС), а неговата победа е продолжение на изборните успеси на таа новооснована партија, која исто така постигна значаен резултат на локалните избори во октомври.