Македонската скијачка Јана Атанасовска, не успеа да ја заврши првата трка во велеслалом на Зимските олимписки игри 2026.

Атанасовска на патеката на денешната трка мина само триесетина секунди и не успеа да се избори за втората трка.

Атанасовска во првото мерење имаше заостанување од водечката 1,45 секунди зад водечката, на втората контролна станица негативата изнесуваше 2,97, а потоа се откажа.

Следен настап на Атанасовска на Олимпијадата во Италија ќе биде слаломот закажан за 18 февруари.

Инаку, водечка по првата велеслаломска трка е Италијанката Федерика Брињоне.

Почетокот на втората трка е закажан за 13:30 часот.