Вчеравечер се пукаше во штипско кафуле. Едно лице кое е странски државјанин е убиено, а убиецот е уапсен. МВР соопшти дека апсењето било со дронска потера и координирана акција.
(ВИДЕО) Филмско апсење на наплатната рампа Миладиновци: МВР употреби и дрон
И покрај тоа што МВР беше на висина на задачата од Левица без аргументи почнаа да бараат оставка од министерот Панче Тошковски. На ваквите обвиунвања одговори поранешниот член на Левица, Јован Јанев којшто е баш од Штип, местото каде се случи пукањето.
Објавата на Јанев којшто порано беше член на Левица интегрално ја пренесуваме во продолжение:
Разбирате сега што зборев?
Нов ден, нова смрт, нови политички поени…
Па добро како може да сте толку одродени?
Каква врска има Тошковски со пукање во Штип( Скопје и Тетово се пука како за добро утро)
Но ајде една друга перспектива која најверојатно нема да ви одговара:
Вашиот претседател зема плата поради овие студенти, економијата на градот е подигната и истите тие почнуваат со студии во време на СДС но тоа не е ни важно.
Не можете да го сопрете сонцето да изгрее така не можете да спречите будала да пука.
Штип секогаш бил мирен град и ќе остане таков, оставете не да си ги решаваме нашите проблеми тука и “пукајте се” во Собрание.
Наместо да зборите за тоа како Тошковски е крив, зошто не започнете со ЛЕВИЧАРСКИ ПРАШАЊА?
-Како да не се дискриминираат добронамерните странски студенти?
-Како да не се злоупотребуваат кирии за странски студенти?
Ама немате интерес од тоа..што да се прави и вие сте во ќар.
Штипјани мои, останува да се чуваме и да се надеваме дека ова нема да се повтори, кривец за ова е само убиецот и тоа е факт.