Студенти од Факултетот за безбедност реагираат дека месецов не добиле пари за субвенциониран студентски оброк иако исполнуваат услови. КУРИР побара одговор од министерката за образование и наука, Весна Јаневска каде е проблемот и дали се работи на наоѓање на решение.

Таа потврди дека овој месец, овие студенти, не ги добиле парите за субвенциониран студентски оброк,

-Факултетите се должни секој месец да достават до министерството список на студенти кои треба да примат студентски оброк. Зошто секој месец? Затоа што бројот е променлив. И тие тоа редовно го прават, имаат можност од 1-ви до 20-ти во текот на месецот да го достават бројот на студенти. Во овој случај, Факултетот за безбедност не доставил список и Министерството нема начин, нема ни законско право да направи било што поинаку од она што го предвидува законот. Во претходните две години имавме два такви случаи, па факултетите каде се случи ова се научија да го почитуваат законот, рече Јаневска.

Министерката посочи дека кога граѓаните гласале за оваа Влада, бараше право, правда и почитување на закони и ред.

-Мора да се научиме дека законите и редот важат за сите, исклучоци не може да има, порача министерката.

Порача дека одговорноста е кај факултетот и тој треба да го реши проблемот.