Во меч од 8.коло во Ла Лига, Валенсија како гостин одигра 2:2 против домашниот состав на Расинг Сантандер.

Столе Димитриевски иако прими два гола, сепак и тоа како беше на висина на својата задача, посебно во финишот на средбата кога успеа со фантастична одбрана да го спаси својот тим од пораз.

Пабло Гарсија испрати неверојатен шут под пречката на гостите, ама Македонецот покажа зошто е еден од најдобрите голмани во Ла Лига.