Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа рече дека во наредениот период ќе претостои отворен терен на кој се е можно и треба да се почекат да се види како ќе се одвиваат работите.
– Ќе се обидеме да создадеме ново парламентарно мнозинство, но не по секоја цена или било какви уцени и притисоци. Нашата цел е граѓаните да видат дека има голема разлика. По победата на локалните избори и големиот број на градоначалнички мандати, граѓаните ќе ја увидат разликата. Во овој момент сите можни сценарија се во игра, а ние нема да се истрчуваме во однос на донесувањето на конечната одлука во однос на делувањето на ВМРО-ДПМНЕ во следниот период. – рече Јанушев.