Не’ тепате, но не ни давате ни да „плачеме“, им соопштил народски владиката Петар на челниците на Цариградската партијаршија на средбата на која како натрапници (падобранци) влетале Партениј и негов придружник  со антимакедонски позиции, откажувајќи се без проблем од се’ што е со македонски предзнак во нашата црква. Владиката им објаснил и во штое е нашето „плачење“? –„Моето плачење е да речам дека јас сум Македонец, мојата земја се вика Македонија, мојата црква се вика Македонска правосоалвна црква, мојата нација е македонска нација. Е, тоа е нашето „плачење“, им укажал митрополитит преспанско-пегониски на средбата, пренесувајќи ги случувањата во „За македонските работи“ со новинарот Љупчо Цветановски на ТВ Алфа.

-Јас им кажав дека овие двајцата се натрапници (Партениј и следбеникот), после им кажав дека меѓу другото вие теба да знаете дека ние сме понижувани, ние сме обесправувани, ние сме па и обесчестувани ако може да се рече поконкретно да речам, дури и тепани од вас, ама ние сето тоа сме го поднесувале од Вас и од другите цркви, кога сме биле понижувани и така натаму и никогаш не сме дозволиле како црква да се здружиме со непријателите ваши, односно со тие цркви кои така се однесувале кон Вас, туку сме биле доследни и сме барале канонски да дојде нашето признавање како автоќефална црква на што, после реков: Вие, да речеме и не’ тепате, и не е трагедијата во тоа што го поднесуваме и тепањето, ама не ни давате да плачеме! Дозволете ни, барем, да плачеме. А во што е нашето „плачење“? Моето плачење е да речам дека јас сум Македонец, мојата земја се вика Македонија, мојата црква се вика Македонска правослaвна црква, мојата нација е македонска нација. Е, тоа е нашето „плачење“, им укажал народски митрополитит преспанско-пегониски во Цариградската т.н. Севеселенска патријаршија.

-Немаа на тоа одговор, се најдоа во небрано и во тој момент не знаеја како да изреагираат, затоа што тоа е вистината и вистината не треба никого да го навредува, пренесе искрено владиката Петар во „За македонските работи“ со Цветановски.

Извор: Курир