Од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје информираат дека денеска, на верскиот празник Рамазан Бајрам, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, a ќе има дежурни билетарници.
Од ЈСП додаваат дека денеска, од 7 до 14 часот, дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и во Ѓорче Петров.
Жичарницата на Средно Водно ќе функционира вообичаено во период од 10 до 20 часот.