Тој одоварае на пратеничко прашање на Зоран Јованчев во врска со неплаќање данок на фирми блиски до власта и дали поради тоа е унапредена поранешната директорка на УЈП Сања Лукаревска.

– УЈП пристапува кон сите должници подеднакво, согласно Законот за даночна постапка. За случајот кој вие го спомнувате, се работи за компании, за кои најтранспарентно се знае дека имаат даночен долг, кој може да види оти е јавно објавен. Значи, се работи за транспарентна постапка. И второ, секој даночен должник, кој има долг, УЈП го обезбедува долгот согласно Законот за даночна постапка, со помош на имот на компаниите или со помош на банкарска гаранција. Во сите овие случаи и оние кои не ги спомнавте, УЈП работи согласно Законот за даночна постапка и транспарентно ги објавува податоците и ја спроведува постапката за сите компании без исклучок, бидејќи дел од компаниите веднаш го намируваат долгот, а дел тоа го прават врз основа на репрограми или гаранции, истакна Ковачевски.

Заменик-министерот за финансии додаде дека даноците, како данокот за личен доход, данокот за добивка, за додадена вредност, придонесите за задолжително социјално осигурување, од јануари до април, се прибрани повеќе од планираното, што само говори за доброто работење на УЈП.