По едногодишна истрага утврдени наводи за нееднаков третман на кандидати

Медицинскиот факултет на Универзитетот Јеил нелегално дискриминирал кандидати врз расна основа во процесот на прием, утврдило Министерството за правда на САД по едногодишна истрага. Во извештајот случајот се посочува и како „загриженост за јавната безбедност“.

Според наодите, институцијата ги фаворизирала црните и латиноамериканските кандидати во однос на белите и азиските кандидати. Тоа, како што се наведува, претставува кршење на федералниот закон за граѓански права и на одлуката на Врховниот суд од 2023 година за афирмативни мерки.

Истражувањето покажало дека црните кандидати имале дури 29 пати поголеми шанси да бидат повикани на интервју за прием во споредба со подеднакво квалификувани азиски кандидати со слични оценки и резултати од стандардизирани тестови.

Под истрага и други универзитети во САД

Министерството за правда соопшти дека истраги за дискриминација врз расна основа се водат и на неколку други универзитети, меѓу кои Харвард и УКЛА, како и медицинските факултети на Стенфорд, Охајо и Сан Диего.