Српскиот кошаркар Никола Јокиќ остана скромен во коментарите по воведниот натпревар од финалната серија за шампионската титула во НБА лигата во кој со нов трипл-дабл го предводеше Денвер до триумф на домашен терен над Мајами со 104 – 93.
Јокиќ го заврши натпреварот со 27 поени, 10 скокови и 14 асистенции и беше клучен играч во составот на Денвер кој поведе со 1-0 во финалната серија до четири победи.
„Во моментов е најважно да се победува, а јас се обидувам на сите можни начини да се добие натпреварот“, изјави по средбата Јокиќ.
Вториот натпревар од серијата за титулата во НБА лигата е на програмата ноќта меѓу недела и понеделник, повторно на теренот на Денвер