Легендарниот актер Серхио Калдерон почина на 77 годишна возраст во Лос Анѓелес. Во текот на шест децении во филмската индустрија, глумеше во преку 40 холивудски филмови, а меѓу нив најпопуларни се „Пиратите од Кариби“ и „Луѓе во црно“, а покрај сите големи актерски имиња и режосери со кои имал можност да соработува во својата богата кариера, се издвојуваат Џони Деп и Серџо Леоне.

Како капетанот Веланова во „Пиратите од Кариби“, ако и во поголемиот дел од неговите улоги беше негативец, но тој всушност уживаше во нив. Беше познат по својот типичен мексикански карактер и хумор, а во една прилика за „Лос Анѓелес тајмс“ изјави дека најмногу сака да игра негативци, бидејќи луѓето навистина го мразат.

За мене тоа е најголем комплимент, тоа што гледачот сум успеал да го убедам дека тоа што го гледа е ставно и дека кај него предизвикувам еквивалентна емоција.