Пратеникот нагласи дека како член на собраниската комисија за финансирање и буџет власта постојано се задолжува, без притоа да има стратегија како би ги вратила тие пари.
– Како член на комисијата за финансирање и буџет можеме на секоја седница да забележиме дека оваа криза се користи за дополнително задолжување на Република Македонија. Со било која наводна реформа со која властите се обидуваат да прикажат во јавноста дека нешто работат, дека спроведуваат некакви проекти најлесно е да се задолжат а притоа да не генерирате никакви проекти во економијата, односно да немате стратегија како ќе ги враќате тие пари, рече Јорданов.
Според негопотребно е да се размисли сериозно при секое задолжување, укажувајќи дека од почетокот на доаѓање на СДСМ на власт во 2017 година па се до денес, односно за неполни 4 години, јавниот долг пораснал од 48 проценти на 64 проценти, додавајќи дека овој процент од ден на ден се зголемува.
– Република Македонија со доаѓање на СДСМ на власт во 2017 година имаше јавен долг од некаде 48 проценти од БДП, за да денес после неполни 4 години од владеењето имаат некаде 64 проценти, затоа што од ден на ден се менува јавниот долг и тоа е нешто за кое што сериозно треба да се размисли и да се постави прашањето до кога и до каде ќе оди задолжувањето, истакна тој.