Денес заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и со координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски, и со советниците, директорите на институциите под локална самоуправа, заедно со граѓаните сме овде да направиме увид на неколку локации каде што во моментов се одвиваат градежни активности, истакна Иван Јорданов, градоначалник на општина Штип.
-Се наоѓаме на новата велосипедска патека, практично која што ја ветивме пред изборите дека ќе ја прошириме постоечката пешачка патека со велосипедска патека долж кејот на реката Брегалница. И одовде ќе се упатиме на други локации, на улицата „Ванчо Китанов“ каде што ќе се започне активност за асфалтирање, во населбата Сењак, исто така ќе се направи увид на паркот кој што е во изведба во населбата Дузлак. Исто така ќе го посетиме централното градско подрачје каде што моментално се работи на конзоли на кејот на река Отиња и на спортското игралиште на улица „Личка“ во населба Кадидаре.
Сакам да напоменам дека на сите овие локации моментално се работи, вредноста на капиталните инвестиции во кои што се вложува е некаде половина милион евра, 30 милиони денари. Во овој момент продолжуваме во капитални инвестиции, потенцира Јорданов и додава:
„И исто така сакам да истакнам дека и покрај тоа што цените на материјалите со кои што се одвиваат овие градежни активности и се неколкукратно покачени, и покрај тоа што имаме намалени приходи , а зголемени трошоци, и покрај тоа што живееме во криза и враќаме долгови на претходни локални власти кои што ги генерирале тие долгови кога немало криза, успеваме да направиме и се трудиме да направиме капитални инвестиции со кои што ќе го направиме Штип поубав за живеење, а затоа што тоа е наш мотив, наша желба да оставиме нешто позитивно зад себе.
Јас се надевам дека и покрај сите предизвици, криза во која што живееме, ќе успееме заеднички затоа што имаме желба да оставиме и да изградиме помодерен и поубав Штип за сите наши сограѓани“.