-Но, во однос на ова се консултираме и со други кои што се покомпетентни и поверзирани за финансиите, за економијата, и јас се надевам дека во овој четиригодишен период не само што ќе го намалиме или ќе го вратиме делумно овој износ подигнат кредит од 2002 година кој што досега поголем дел не е вратен туку и дека ќе успееме да ги реализираме проектите кои што нормално се финансиски зависни од тоа какви ни се приходите и како ќе ни бидат планирани расходите, истакна Иван Јорданов, градоначалник на општина Штип во гостување во утринска емисија на Алфа телевизија.
Јорданов додаде дека негова задача како градоначалник е да гледа во иднината и да создаде услови за подобро живеење на граѓаните во општина Штип.
-Штип има капацитет, има потенцијал како да го вратиме овој долг, и како да направиме нови проекти. И токму во таа насока она кое што нас ни е приоритет е како да ја зголемиме градската каса, буџетот на Општина Штип по основ на приходи, по основ на продажба на градежни земјиште, по основ на комуналии и сл. И така граѓаните тоа што го очекуваат од нас да го добијат, појасни Јорданов.
Јорданов посочи дека тој веднаш како ја преземе функцијата градоначалник дал збор дека мора да се завршат сите започнати проекти. За истите тие проекти не се платени износите кои што треба да бидат реализирани иако тоа така се претставуваше. Тој рече дека се соочил со проблем дел од изведувачите на тие градежни активности кои не ги придржуваат стандардите по кои што треба проектите да се изведат.
-Се она што ќе се прави треба да биде квалитетно, ефикасно и во најбрз можен рок. Затоа што ни се случуваше во минатото една улица, една сообраќајница да се реализира, да се спроведува или да се завршува со месеци и со години. А, тоа е нешто кое што го отежнува секојдневното функционирање на нашите сограѓани, воочи Јорданов.
Јорданов укажа дека во овие месец ипол дена како е градоначалник успеа дел од тие проекти кои што беа започнати, а недовршени да се реализираат и да се започне со нови проекти.