Бугарија очекува да биде укинат мониторингот врз нејзиното исполнување на одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), откако, според бугарската претседателка Илијана Јотова, Софија ги исполнила условите за гарантирање на правото на здружување.
Јотова ова го изјавила по средбата со генералниот директор за човекови права и владеење на правото при Секретаријатот на Советот на Европа, Џанлука Еспозито, и раководителот на Одделот за извршување на пресудите на ЕСЧП, Фредерик Долт.
„За време на средбата беше разговарано за конструктивниот дијалог и за ангажираноста на нашата земја во исполнување на одлуките на Европскиот суд за човекови права во групата на дела ‘ОМО Илинден против Бугарија’“, се вели во соопштението од прес-службата на Јотова.
Бугарската претседателка истакнала дека Бугарија презела законодавни, институционални и практични мерки кои го олеснуваат регистрирањето на здруженија, со што процесот бил „либерализиран“. Таа изразила очекување за скорешно завршување на мониторингот, со оглед на напорите што ги вложила земјата.
Јотова посочила дека „неприфатливо е да се поврзуваат технички барања со политички толкувања“.
