Таа се надева дека конечно ќе го исполни својот сон да се омажи за љубовта на нејзиниот живот…
-Бритни е навистина оптимист за иднината. И сега, кога ја враќа контролата над својот живот, нејзината венчавка од соништата ќе се одржи на Хаваи, во хотелот ’Монтаж капалуа бич‘ на Мауи. Ова е омилениот хотел на Бритни – таа и Сем го сметаат за многу романтично место, изјави неименуваниот пријател на двојката за весникот.
Бритни претходно најавуваше дека засега нема намера да ѝ се врати на сценската кариера.