Меси бил спремен да потпише нов договор со 50% помала плата, но Барса имала проблем со Ла Лига

Меси требал во четвртокот да потпише 4-годишен договор со 50% скратена плата. За тоа веќе имале усмен договор уште од средина на јули, пишуваа каталонскиот Sport.es и мадридска Marca.

За какви финансиски пречки и правила на Ла Лига зборува Барса во соопштението?

2. Од 2013-та година во Примера дејствува некој вид на „плафон“ за трошење во тимот. Ла Лига која се потпира на финансиска одговорност, определува колку секој клуб може да потроши на играчи и тренери а се со цел рамнотежа меѓу клубовите.

Во сезоната 2019/2020 Барселона имала расходи за плати во висина до 671 милиони евра, а во постковидната 2020/2021 за плати трошеле 347 милиони евра. Тогаш многу каталонски медиуми пишуваа за радикален пад на платите во клубот од 200 милиони евра. Sport.es уште во јули прогнозираше буџет за плата на Барса меѓу 150 и 160 милиони евра, во рангот на Виљареал и Атлетико Мадрид.

3. Правилата ја принудиле Барселона да не троши многу на плати, односно управата морала да се избави од играчите со големи астрономски договори.

За Барса особено важело правилото 4:1 кое вели дека на секои ослободени 100 милиони евра за плата на играчи, може да се потрошат 25 милиони евра на нови трансфери

Барселона не сакала да ги продава ѕвездите и се обидела да се договори, но Тебас и Ла Лига стојат на свое

Раководството на Барселона сакало да ги почитува правилата но без да се избави од лидерите во тимот.

Поранешниот претседател Жозеп Бартомеу планирал да продаде 50% од уделот во компанијата Barça Corporate (медија бизнис, иновациони проекти, сопствена компанија за маркетинг – Барса сама управува со клупскиот фан шоп за разлика од многу клубови) за 500 милиони евра, но добил максимална понуда од 200 милиони и тоа било крајно тешка зделка.

Барселона во меѓувреме планирала да се договори со Ла Лига и нејзиниот претседател Хавиер Тебас за ублажување на правилата но не им прошло.

-Одлуката за Меси не зависи од мене туку од Барселона – како она ќе ја реши финансиската ситуација. Ние ќе бидеме среќни ако можат да го сочуваат Меси но јас тука не можам никако да помогнам, рекол контроверзниот Тебас. Барса е против таквата строга политика на Ла Лига (чесно е да се признае дека шпанската Ла Лига инсистира на почитување прописи и дека не постои начин тие да се избегнат зошто преголемата потрошувачка го носи во опасност опстанокот на клубовите).