Уште една потврда дека кај мене зборот е збор, Скопје мора да биде град кој живее и навечер, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук кандидатот за градоначалник за Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски.
-Уште една потврда дека кај мене зборот е збор!
Скопје мора да биде град кој живее и навечер, град во кој младите ќе имаат простор за ноќен живот, забава и култура.
Град кој пулсира и дава енергија.
И заедно ќе успееме во тоа!
EXITFestival
Најдоброто допрва доаѓа, пишува на Фејсбук Ѓорѓиевски.