Весникот Независен пренесе делови од бугарските медиуми дека Николоски добил забрана за говор во Стразбур. Без да се провери информацијата тоа беше објавено, станувајќи гласило на бугарската пропаганда. Вчера стигнат демантот…
ЕПП конта Бугарија и во одбрана на Николоски, нема никаква забрана за зборување
Објаснување на случајот побаравме и од групата на ЕПП во ПССЕ, од каде што неофицијално потврдија дека на состанокот имало реакција и расправија, но никој не зборува за суспензија на правото на обраќање во име на групата. Според извори во ПССЕ, претседателот на групата не може да му забрани на потпретседателот да зборува во име на групата.
Доколку се истражат засегнатите страни јасно е дека Николоски не добил забрана за суспензија на правото на обраќање во име на групата и дека веста на „Независен“ е целосно неточна и зависна од бугарската пропаганда.
Николоски на тврдењата на неговите бугарски колеги од ЕПП за суспензија на правото на обраќање во име на групата реагираше со изјава дека Бугарите нервозни направиле инцидент во ЕПП што е доказ на нивната хистерија по изјавата дека Советот на Европа мора да ја казни Бугарија и да и воведе санкции за да ја принуди да ги спроведе пресудите на ЕСЧП.
Веста за Николоски ја пренесоа и други медиуми како Слободен Печат дека „за јавните критики Николоски во Стразбур доби „тајна” осуда од бугарските пратеници“