Предмалку се случи тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид – Кичево. Камион удрил во пешак, при што пешакот починал, објави порталот „Охрид1“.

Вечерва околу 19 часот во СВР Охрид е пријавено дека на стариот пат Охрид – Струга, кај Охридска плажа товарно возило удрило пешак, кој починал на местото на незгодата. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид вршат екипи од СВР Охрид. Поради несреќата сообраќајот е пренасочен на магистралниот пат“, велат од СВР Охрид и најавуваат повеќе информации во текот на утрешниот ден.