Средба со земјоделците и презентација на активности

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска оствари средба со земјоделци во Делчево, во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“.

„Денеска сме повторно на терен, овде во Делчево, на средба со земјоделците. Продолжуваме со кампањата што ја започнавме како ресорно министерство, со цел да бидеме во постојана комуникација со земјоделците. Оваа трибина е со цел за да ги презентираме досегашните резултати, тековните активности на Министерството, но и да го слушнеме гласот на земјоделците од оваа општина“, истакна министерот.

Кампањата продолжува и во други општини

Тој најави дека ваквите средби ќе продолжат и во наредниот период низ повеќе региони во државата.

„Оваа кампања е од особено значење за нас како институција, бидејќи преку непосредна комуникација можеме да креираме правилни и отворени политики, кои се во интерес на македонското земјоделско производство“, појасни министерот Трипуновски.