Канада од 1 октомври ќе ги укине сите ограничувања против коронавирусот за патниците кои пристигнуваат, соопшти Владата.

Во соопштението се додава дека и барањата за тестирање и карантин ќе бидат укинати.

Сите патници, без разлика на нивната националност, од сабота веќе нема да бидат обврзани да даваат информации за нивната здравствена состојба преку апликацијата ArriveCAN, ниту пак да покажат потврда за вакцинација.

Условот за носење маски во авиони и возови повеќе не е потребен.