Денеска попладне полиција контактирале еден од кандидатите за градоначалници на опозицијата со повик да се јави во полициска станица. Кандидатот на опозицијата кој на овие избори претставува реална закана за соборување на противкандидатот на власта- актуелен градоначалник, отишол да се информира за што станува збор во полициската станица, и притоа бил задржан подолго време, подложен на испрашуван од страна на инспектор од МВР – објави Брегалнички.мк.

Порталот пишува дека немајки никакви материјални докази за наводите кои му биле пласирани и врз основа на кои бил држан и распрашуван во полициската станица од страна на инспекторот, кандидатот за градоначалник бил ослободен да замине од станицата.

Во билтенот на МВР за овој настан се вели дека бил извршен информативен разговор под основано сомнение за давање поткуп во врска со локалните избори односно сторено кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“.

Во билтенот на МВР нагласуваат дека

“По комплетирање на службената документација од страна на ОВР Делчево ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Делчево по чл.162 ст.1 и 2 вв ст.3 од КЗ.”