– Ме нападнаа четворица страшливци, кои сакаа да нè повредат мене и моето семејство, а кога ќе им се спротивставите ќе ви се случи ова, изјави Кансело, алудирајќи на повредата над окото.

– Успеаја да ми го украдат целиот накит, но најважно е дека моето семејство е добро, објави фудбалерот на англискиот шампион.

Грабежот бил извршен во четвртокот вечер во семејниот дом на Кансело.