Поранешниот министер за одбрана Каракачанов со своите провокативни изјави кон Македонија постојано предизвикуваше реакции, но тоа не му донесе гласови во три избори во низа во 2021-ва, така што на последните не обезбеди ниту еден пратеник по што целото раководство на ВМРО-БНД понуди оставки.
На изборите вчера партијата на Каракачанов освои помалку од 1 процент од гласовите. На претседателските избори, нивниот кандидат помина уште полошо и стигна до 0,46% од гласовите.
Каракачанов, пак чија кариера се базираше на постојани критики и провокации упатени кон Македонците, на изборното место во бугарската амбасада во Скопје и на останатите шест избирачки места низ Македонија помина солидно. Од околу 650 гласачи што имале бугарски документи и гласаат во Македонија, за Каракачанов и ВМРО-БНД гласале 136 или околу 20 проценти.