Професорката Тања Каракамишева на социјалните мрежи коментира дека „додека Македонците „очи си вадат” и се делат по сите основи, „Илирида” се повампири и презема неуставни активности. Таа за ова го прозва министерот за внатрешни Оливер Спасовски.
Движењето Илирида, како што јави ТВ Клан, на дебата во Тетово најавува регистрирање на политичка партија.
Од Движењето „Илирида“, како што јави КланМ, велат дека веќе се прават последните подготовки за ова движење да биде регистрирано како политичка партија за учество на изборите. Доколку победат на изборите, како што велат, ќе го формираат Парламентот на Илирида.
Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува идејата на таканареченото „Движење Илирида“ за создавање на партија која ќе побара федерализација и ќе прогласи автономна „Република Илирида“, како стара идеја, која циклично се реафирмира во турбулентни и чувствителни периоди за државата Македонија.