Властите во бразилските градови Рио де Жанеиро и Сао Паоло објавија дека ги одложуваат традиционалните паради на училиштата за самба до крајот на април поради зголемувањето на случаите на новозаразени со сојот Омикрон на Ковид-19 во државата. Претходно овој месец, двата града откажаа улични поворки и карневалски прослави, но сепак планираа да одржат паради на училиштата за самба кон крајот на февруари.
Парадите ќе се одржат кон крајот на април, се вели во заедничкото соопштение на властите на двата града. Бразил моментално е зафатен од уште еден бран на коронавирус поради брзото ширење на сојот Омикрон. Во земјата се регистрирани во просек по 120.000 нови инфекции дневно.