СДСМ – од доминантна партија до „Пасокизација“

Опозицијата во Македонија никогаш не била во полоша состојба, а тоа особено се однесува на СДСМ, која од партија на власт се сведува на маргинална политичка сила. Поразот на последните избори отвори простор за терминот „Пасокизација“, што го популаризира лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Поразот на СДСМ на последните избори ја отвори дебатата за т.н. „пасокизација“ на партијата—aналогија со грчката партија ПАСОК, која од доминантна сила се сведе на маргинална улога. Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, го употреби овој термин за да го опише падот на СДСМ,

  • „СДСМ е неспособна да ја промени владејачката структура, курсот и карактерот на слугување. Оваа партија е казнета од народот и таа казна ќе трае со децении,“ велат аналитичарите.

Дополнителен удар за партијата е случајот со Јован Деспотовски, еден од кандидатите за претседател на СДСМ, на кого му беше одземен пасошот поради сомневања за проневери во ТИРЗ. Покрај тоа, договорот за хеликоптерите за АРМ, потпишан од Славјанка Петровска, е предмет на истрага поради правни нерегуларности.

  • „За Филипче да не зборуваме – човекот е полн скандали како улично куче со болви,“ коментираат критичарите на поранешниот министер за здравство.

ДУИ – партија во слободен пад

ДУИ се соочува со сериозни удари врз својот кредибилитет. Првиот дојде од САД, кои ги ставија на црната листа Артан Груби, Рамиз Мерко и судијата Енвер Беџети. Вториот удар го зададе државата, со обвиненија против Артан Груби и директорот на Државната лотарија, Перпарим Бајрами, за проневери на значителни средства, односно се осомничени за проневера на околу осум милиони евра преку незаконски набавки. По распишувањето на меѓународни потерници, тие се недостапни за органите на прогонот, што дополнително го нарушува имиџот на партијата.

  • „ДУИ со тоа што не ги осуди овие дела, само ја потврди својата одговорност и го уништи својот кредибилитет. Ова ќе се види на локалните избори,“ сметаат експертите.

Од ДУИ нема остане ништо со оваа тенденција. Еден по еден, САД и власта ќе ги жртвуваат поранешните функционери на олтарот на правдата. Веќе не можеме да зборуваме за партија, туку за криминална структура која ќе биде исчистена како БЕЛА-НОЦА БАРОН мафијашкиот клан.

Левица – опозиција без конструктивност

Осамена седи Левица во последната клупа во училницата. Партијата Левица на Димитар Апасиев остануве едиствената партија во опозицијата на која не е нанесен удар, но многумина ја критикуваат за недостаток на конструктивност.

  • „Со тактиката на навреди, клеветења и постојани обвинувања, Левица не може да ја надмине својата сегашна поддршка,“ велат аналитичарите.

Партијата Левица, предводена од Димитар Апасиев со нејзиниот агресивен пристап и недостаток на конструктивни предлози ја ограничуваат нејзината способност да привлече поширока база на гласачи. Апасиев најави дека на следните парламентарни избори очекува Левица да стане главна политичка сила во левиот спектар, но останува да се види дали партијата ќе успее да ја надмине сегашната перцепција.

Шанса за нова партија?

Состојбата во опозицијата остава отворено прашање: дали Македонија е подготвена за нова политичка партија која ќе ја пополни празнината што ја оставија традиционалните опозициски сили, или ќе остане политички простор кој никој не може да го искористи?