Спроведувањето на Јанева доаѓа само два дена откако Бојан Јовановски – Биоки 13 беше спроведен во затвор, а претходно Апелација им ги потврди затворските казни на девет, односно седум години за случајот „Рекет“.

Реакција од одбраната на Јанева, од нејзината адвокатка, Ирена Фрчкоска.

„Куќниот притвор на Јанева е со важност до правосилност на пресудата. Одлуката на Апелација е донесена на 5 јули што значи тогаш пресудата станала правосилна и после тој датум таа е слободна. Затоа ние сметаме дека е неопходно таа да добие упатен акт, а не да биде спроведена со наредба“, вели нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска, пренесува „360 степени“.