Казна од 200.000 евра за загадување на Крива Река од рудникот „Тораница-Булмак“, изрече Државниот инспекторат за животна средина
Инцидентот се случил на 14 март оваа година. Пукнала цевка за довод на технолошка вода од таложникот за јамски води, која содржела механички онечистувања и била заматена. Поради дефектот, се истекла вода во реката. Компанијата ги санирала последиците и го запрела истекувањето.
Со овој прекршок, БУЛМАК се согласил да почне постапка за спогодување пред Комисијата за спогодување при Министерството за животна средина и просторно планирање.
Министерството за животна средина го санкционираше со максимална казна која изнесува 200.000 евра за правниот субјект и 10.000 евра за одговорното лице.
Министерот за животна средина, Изет Меџити, упати остри пораки за безкомпромисно почитување на законот. Тој најави дека инспекциските контроли ќе продолжат со засилено темпо.
„Секој што ќе ја загрози животната средина ќе се соочи со санкции, без исклучок“, изјави Меџити.
Вонредната ситуација продолжува да ги вознемирува локалните власти и еко-активистите. Тие веќе долго време бараат признавање на проблемот со излевањето на цијанидот во реката.
Градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски денеска на прес конференција најави дека општината ќе бара кривична одговорност за компанијата која рудари во областа и која предизвика еколошка катастрофа од невидени расмери.
Тој вели дека не е само водата загадена туку и почвата, а преку храната отровите и тешките метали ќе стигнат и на трпезата на жителите. Смирува дека водата за пиење од градскиот водовод се уште не е во опасност.