Казнети се 133 возачи синоќа од 22.00 до 04.00 часот во спроведената зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија.

Кај двајца возачи, информираат од МВР, се утврдени дури над два промили алкохол.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.