Како што соопшти МВР, во периодот од 06.00 до 09.00 часот во општина Чаир санкционирани се вкупно 70 учесници во сообраќајот, од кои 12 управувале без возачка дозвола, двајца со измината важност на регистрација на возилото, 19 управување со брзина поголема од дозволеното….
Во периодот од 09.00 до 12.00 часот во населба Сингелиќ санкционирани се вкупно 42 учесници, од кои 13 управувале возило без возачка дозвола, четворица со измината важност на регистрација на возилото…
Во времето од 12.00 до 16.00 часот во општина Сарај санкционирани се вкупно 93 учесници, од кои 17 управувале без возачка дозвола, четворица со измината важност на регистрација на возилото, 22 управувале возило со брзина поголема од дозволената…
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, наведуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.