Казнети се 44 возачи за недавање предност на пешаци во акциската контрола што ја спровела полицијата денеска од 08 до 12 часот на територијата на СВР Скопје.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби, информира Министерството за внатрешни работи.
Оттаму најавуваат дека продолжуваат со ваквите акциски контроли.
-Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, порачуваат од МВР.