Бројот на загинати во катната зграда погодена од ракетен напад на руските сили на 9 јули во градот Часив Јар во областа Доњецк се зголеми на 34, соопшти денеска шефот на регионалната воена управа на Доњецк, Павло Кириленко.
Тој соопшти дека спасувачите од урнатините извлекле девет повредени лица, а меѓу загинатите има и едно дете.
Кириленко изјави дека околу 70 отсто од урнатините се расчистени и дека акцијата за спасување продолжува.