Американските специјални пратеници, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, денеска пристигнаа во Киев, во рамки на обновените напори на Вашингтон за прекин на војната во Украина.
Посетата следува еден ден по нивните повеќечасовни разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен за „конструктивни преговори“ и дека е заинтересиран за постигнување праведен и одржлив мир.
