Најмалку едно лице загина, а неколкумина се повредени, вклучувајќи ги и оние кои останаа заробени под урнатините, откако руските сили вчера го нападнаа главниот град на Украина, соопштија спасувачките екипи.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко информираше дека областа Шевченковски во севернозападниот дел на градот, е двапати погодена. Нападите предизвикале пожар во најмалку две високи згради, објавија медиуми.

Експлозиите, што предизвикале облаци од црн дим во воздухот, следеле набргу по прес-конференцијата на генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Како што соопштија украинските власти, Гутереш и неговиот тим се безбедни.