Експертите велат дека Кина успеала да ги спаси пандите од изумирање благодарение на проширувањето на нивните живеалишта.

Последната промена во класификацијата одразува унапредени услови за живот и напорите на Кина за одржување на интегрирани живеалишта, рекол министерот за екологија Цуи Шухонг.

 

 

 

Новата класификација доаѓа години откако Меѓународната унија за заштита на природата “IUCN” веќе ги отстранила животните од листата на загрозени видови и повторно ги означила како “ранливи” во 2016-та година.

Кинеските власти не се согласувале со тоа одлука и истакнувале дека тоа може да ги одведе луѓето во заблуда.

 

 

 

Но, оваа недела премената на класификацијата ги воодушевила корисниците на социјалните мрежи во Кина.

Експертите рекле дека успехот е во главно е резултат на напорите за обнова и повторно населување на бамбусовите шуми. Бамбусот сочинува околу 99 проценти од прехраната на џиновските панди, а без него веројатно би умреле од глад.

Бројот на единки се зголемувал и преку зоолошките градини со методи на одгледување во заробеништво.