Англија ќе игра в недела против Италија во финалето на стадионот „Вембли“ во Лондон, на кое се очекува присуство на околу 60.000 луѓе, но меѓу нив ќе има малку Италијанци поради британските правила за задолжителен десетдневен карантин при влез во Велика Британија.

Одговарајќи на новинарско прашање, што ќе им порача на италијанските навивачи, кои ќе се обидат да допатуваат во Лондон за финалето на ЕУРО2020, Шапс рече „Немојте, е одговорот на тоа едноставно прашање“.

– Ако откриеме дека луѓето доаѓаат само поради фудбалот, нема да им биде дозволен влез и всушност многу чартер и директни летови се откажани врз основа на тоа, изјави Шапс за Радио Тајмс.