Кинескиот помошник министер за надворешни работи Хуа Чунјинг ги нарече погрешни зборовите на Абе, како и кршење на основните норми во односите меѓу Кина и Јапонија, за време на средбата со јапонската амбасадорка Хиде Таруми, се наведува во соопштението на кинеското МНР.

-Коментарите на Абе „отворено го доведуваат во прашање суверенитетот на Кина и им дадоа поддршка на независните сили во Тајван, додаде Хуа.

-Кина одлучно се противи на ова, соопшти Министерството, додавајќи дека Хуа испратил протестна нота до Јапонија.