Кинески научници осмислија нов метод на тестирање за коронавирус, којшто е сигурен како и ПЦР-тестот, а дава резултати за помалку од четири минути, објави научното списание „Нејчурал бајомедикал инџиниринг“ (Nature Biomedical Engineering).
Резултатите од ПЦР-тестот, којшто е стандард за одредување на ковид-состојбата, обично се чекаат неколку часа. Истражувачите од престижниот кинески Универзитет Фудан во Шангај веруваат дека нашле успешна замена.
Се работи за сензор за анализа на примероци од ДНК собрани со брис кои овозможуваат да се добијат резултати за помалку од четири минути. Овој тест има „висока чувствителност“ и лесно може да се направи каде било.
Примероците од 33 лица заразени со коронавирус беа искористени за тестирање на уредот, истовремено со ПЦР – заради споредба. Резултатите биле исти.