Кипар привремено ја одложува имунизацијата со вакцината на „АстраЗенека“ до 18 март, соопштија од кипарското Министерство за здравство.

Објаснуваат дека денеска било одлучено привремено да се прекине вакцинацијата со конкретната вакцина, во исчекување на мислењето на Европската организација за лекови (ЕМА) која разгледува низа случаи на тромбоза кај лица кои ја примиле вакцината на „АстраЗенека“.

Светската здравствена организација и експертите на агенција за безбедност на вакцини ЕМА ќе се состанат утре за да разговараат за вакцината на АстраЗенека откако голем број земји престанаа да ја користат поради страв од згрутчување на крвта.