Како што соопштија од министерството за здравство на Кипар, по многу барања од засегнатите страни, го изработиле планот што има четири фази.

За периодот од 17 мај до 31 јуни, дозволени се до 75 лица во затворен простор или 200 на отворено, но само за ручек или вечера, без одржување забава.

Во втората фаза, што се однесува на првата половина на јуни, бројот на гости се зголемува на 150 во затворен и 280 на отворен простор, повторно само за ручек или вечера, а дозволено е и одржување забава со најмногу 250 лица и само надвор.

Истите услови за забава се и во останатите две фази, а единствено се зголемува бројот на гости за ручек/вечера.

Третата фаза е од 15 до 30 јуни со 250 лица внатре или 350 надвор, додека пак за јули, зголемен е на 400 бројот на гости на отворено.