Македонската кошаркарска репрезентација вечерва го пречекува Кипар во рамките на вториот круг од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029.
„Црвено-жолтите“ комплетни го одработија вчерашниот тренинг, а ќе имаат полесен тренинг и утрово на денот на натпреварот.
Селекторот Жозеп Марија Берокал се соочува со проблеми со повредени играчи. Валмир Какруки е надвор од конкуренција поради повреда на левиот бутен мускул, здобиена на последниот натпревар за Башкими, а поради повреда дуелот со Кипар ќе го пропушти и Андреј Андоноски.
Поради новонастанатата ситуација, стручниот штаб одлучи да испрати дополнителен повик до Дамјан Робев од Работнички.
Натпреварот меѓу Македонија и Кипар се игра вечер од 18 часот во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје.
Французинот Валентин Олио и Грузијците Кирил Тваури и Микел Вартанов ќе ја делат правдата на натпреварот од групата „Ф“ во втората фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029.
