За клупскиот сајт на Нант, Кире Лазаров најави пензија, по наредната сезона ќе престане да игра.

– Тоа ќе биде моја последна сезона, сигурно е тоа, донесов одлука. Кога ќе изброите поминаа многу години. Но најважно е да се чувствувате добро, вашето тело да биде добро, да немате болки. Отсекогаш се обидував да бидам професионален колку што можам повеќе. Секогаш сум се чувствувал во добра форма, го сакам спортот, го сакам ракометот, сакам да завршам без потешкотии, вели Лазаров.