Како што најавува „Л`Екип“, Лазаров верува дека има уште многу ракомет во него и ќе се обиде да одигра уште една сезона на високо ниво.
Лазаров е дел од Нант од 2017 година, во меѓувреме стана селектор на Македонија а имаше и понуди од Барселона за да биде дел од тренерскиот тим на екипата од Шпанија.