Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков им се заблагодарил на коалициските партнери од партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов и на министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска, што се преземени брзи мерки и лица со досиеја на поранешните комунистички безбедносни служби нема да бидат именувани или ќе бидат отстранети доколу веќе се назначени.
Изјавата на Петков е одговор на прашање за евентуални назначувања на луѓе како советници во Министерството за надворешни работи на Бугарија, кои се поврзани со структури на поранешната Државна безбедност.
Премиерот се осврна и на темата за распоредување единици на НАТО во Бугарија, нагласувајќи дека за тоа не било разговарано ниту на владиниот состанок, ниту со некои од нивните партнери.
Според Петков, зборовите на министерот за одбрана на Бугарија Стефан Јанев дека не е потребно да се распоредат дополнителни војници на НАТО, се лично мислење, а не став на Бугарија и на Владата.