Поранешниот бугарски премиер Кирил Петоков тврди дека има рецепта за подобрување на односите меѓу Македонија и Бугарија. Според него мора да се отворат темите за инфраструктурата и економијата.
Во моментов е оставено на некои многу гласни луѓе да го дефинираат дијалогот меѓу двете земји. Време е да се вратиме на попозитивните работи, рече Петков во изјава за Бугарското национално радио (БНР).
Петков вели дека Македонија треба да знае дека условите ги поставува ЕУ и дека доколку сака да има европска иднина нема друг избор освен да почне да работи на позитивни теми со Бугарија и да го отстрани јазикот на омразата.
Таквиот тип на дијалог е можен затоа што за време на нашата влада, успеавме Европа да застане на наша страна, додаде Петков.