Австралискиот тенисер Ник Кирјос застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ.
Кирјиос истакна дека го нервираат изјавите на Надал, коj изјавува[e дека нема да биде никаков проблем доколку на Ѓоковиќ му биде забрането да настапи на Австралија опен, и најави дека ќе облече маица со слоганот „Идемо“ и со неа ќе шета во Мелбурн парк.
Ме нервираат луѓето како Надал или Циципас. Очигледно сега секој има свое мислење. И тоа е во ред. Замислете само како се чувствува Новак Ѓоковиќ. И тој е човек. Сите го третираме како Новак Ѓоковиќ, а не како човек.
Замислете како се чувствува сега. Веројатно сега сака малку повеќе поддршка од нас другите играчи. И тој ја доби од мене!? По ѓаволите… Сигурен сум дека Надал, доколку се најде во слична ситуација, би побарал од своите колеги спортисти да го поддржат. Ќе викаше: „Помогнете ми“. Ова што се случува со Ѓоковиќ е лудило – изјави Кирјос за време на подкаст во кој централна тема беше случајот со првиот рекет на планетата.
Ник Кирјиос во првото коло на Австралијан Опен важи за голем фаворит и се соочува со Лиам Броуди од Велика Британија.